Додека се согледуваат првичните ефекти за тоа како ќе се полни и како ќе се покрива дефицитот во буџетот за оваа година, Министерството за финансии ги објави податоците за реализираните буџетски приходи и расходи за 2011. Според нив, не се остварени ниту предвидените приливи, ниту планираните трошења на државната каса. Па така, ако државата планирала лани да собере 2,413 милијарди евра, тоа не и' успеало, односно биле прибрани приходи од 2,230 милијарди евра, или за околу 183 милиони евра помалку од планираното. Не биле ниту потрошени онолку пари колку што планираше власта со минатогодишниот буџет. Поточно, се предвидуваа расходи од 2,601 милијарди евра, а се реализираше сума од 2,417 милиони евра, односно помалку за 184 милиони евра. Буџетскиот дефицит останува речиси ист на нивото што се проектираше, односно беше предвидено да изнесува 188 милиони евра, а се остварило ниво од безмалку 187 милиони евра.
Додека се согледуваат првичните ефекти за тоа како ќе се полни и како ќе се покрива дефицитот во буџетот за оваа година, Министерството за финансии ги објави податоците за реализираните буџетски приходи и расходи за 2011.
Според нив, не се остварени ниту предвидените приливи, ниту планираните трошења на државната каса.
Па така, ако државата планирала лани да собере 2,413 милијарди евра, тоа не и' успеало, односно биле прибрани приходи од 2,230 милијарди евра, или за околу 183 милиони евра помалку од планираното.
Не биле ниту потрошени онолку пари колку што планираше власта со минатогодишниот буџет. Поточно, се предвидуваа расходи од 2,601 милијарди евра, а се реализираше сума од 2,417 милиони евра, односно помалку за 184 милиони евра.
Буџетскиот дефицит останува речиси ист на нивото што се проектираше, односно беше предвидено да изнесува 188 милиони евра, а се остварило ниво од безмалку 187 милиони евра.
Од Министерството за финансии вчера не ги објавија причините за ваквото потфрлање во реализацијата на буџетските проекции на приходите и расходите, ниту коментарите кои беа во насока дека на тој начин се направил премолчен ребаланс на буџетот за минатата година.